Lexus го подготвува освежениот CT 200h – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus го подготвува освежениот CT 200h

Луксузниот Lexus го подготвува освежениот CT 200h за неговото деби, кое го најавува за саемот на автомобили во Guangzhou, Кина.

Ние нема ни да се обидеме да го изговориме името на овој Кинески град, но очигледно е дека Lexus им посветува значително внимание на своите купувачи од Кина штом се одлучи да ја претстави освежената верзија на компатктот CT 200h токму таму.

lexus-ct200h-rear

Новиот CT 200h може да се пофали со освежен, пософистициран и подинамичен надворешен дизајн, кој е дополнет со затегнатата решетка на ладилникот која веќе ја знаеме од кај IS седанот. Фејслифтот ќе вклучува и нови алуминиумски фелни, како и нов дизајн на задниот дел кој е во согласност со остатокот од освежувањето, но и гамата на Lexus.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.