Први официјални фотографии од Mazda 3 во седан изведба. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први официјални фотографии од Mazda 3 во седан изведба.

Ова се официјалните фотографии од новата Mazda 3 Sedan, која ќе излезе во продажба при крајот на годинава.

Новата Mazda 3 Sedan изгледа како покомпактна Mazda 6 со издолжена линија на кровот и свеж заден дел. Како што може да се очекува, ентериерот ќе биде целосно преземен, додека багажниот простор ќе биде значително поголем од оној на Mazda 3, благодарение на подолгиот заден надвисок.

Моментално нема информации за погонските единици , но најверојатно е дека ќе бидат истите од хечбекот. Ова значи три бензински и еден дизел агрегат. Тоа се 1.5-литарски со 100 кс, 2.0-литарски со 120 кс и 2.0-литарски бензинез со 165 кс, како и 2.2-литарски турбо дизел со 150 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.