Opel Monza најавен за авто-саемот во Франкфурт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Monza најавен за авто-саемот во Франкфурт!

Со концептот наречен Monza, Opel ќе ја најави идната дизајнерска насока на брендот.

Според официјалната најава, со овој концепт Opel ќе ја најави идната дизајнерска филозофија на брендот, но и визијата за иднината на компанијата. Нема никакви најави за сериско производство, ниту пак за официјално воскреснување на имињата „Monza“ и „Calibra“, но знаеме дека концептот ќе се фокусира на конективност и ефикасност. Од она што можеме да го видиме, се работи за низок, спортски концепт кој е притаен до подлогата.

Ќе знаеме повеќе кога ќе започне Франкфуртскиот саем на автомобили во Септември!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.