Скопски Мercedes-Benz 170 DS го прослави својот 60-ти роденден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Скопски Мercedes-Benz 170 DS го прослави својот 60-ти роденден!

Mercedes-Benz 170 DS произведен во далечната 1953-та година вчера го прослави својот 60-ти роденден!

Моделот на Mercedes-Benz кој ја носи ознакаа 170 DS е произведен во сега веќе далечната 1953-та година. Ова е последна серија чие производство почнало уште пред Втората Светка Војна, односно
1936-та година, а ова е прво повоено патничко возило со дизел мотор во светот, со зафатнина од 1.8 литри и 40-тина коњски сили.

Возилото било набавено во далечната 1953-та година, за потребите на тогашното Собрание на Македонија. Во овој автомобил се возеле највисоките државни функционери. Подоцна, како годините изминувале возилото било продадено на приватно лице, односно на г-нот Трајко Базерко, кој важи за голем вљубеник во автомобилите и е сопственик на возилото во изминатите 35 години. Г-нот Базерко, заедно со тим на реставратори на возила, успеале да го вратат возилото во првобитна состојба, и за досега направеното зборуваат со особена гордост.

60-тиот роденден на Mercedes-от на г-нот Базерко го прослави во просториите на Mercedes-Benz Мак Аутостар, заедно со неговиот тим и домаќините од оваа компанија, а ние имавме прилика да слушнеме многу приказни и доживувања, како и многу детали од реставрацијата на овој прекрасен автомобил. Точната бројка на изминати километри не е позната, но со сигурност се знае дека бројката е над милион километри. За среќа, овој автомобил се вози секојдневно и е редовна слика на Скопските улици. Ние му посакуваме уште многу јубилеи на господинот Базерко, и се надеваме дека и во иднина ќе продолжи вака заљубено да се грижи за својот автомобил.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.