Lynk & Co подготви вистинско изненадување – во време на сè поприсутни SUV модели, Lynk & Co претстави ниско и секси 2+2 купе кое ја менува формата за да извлече максимални перформанси!
Од Lynk & Co кажуваат дека ова е најава за еволуцијата на нивниот дизајнерски јазик – и ако ова е најавата, со нетрпение очекуваме да видиме што ќе пристигне во сериско производство. А и името некако одговара – Time to Shine. Време да блесне!
Концептот е долг скоро 4.8 метри, но е низок и извајан за да изгледа како да се движи дури и кога стои. Пропорциите се совршени – долг преден дел, низок и широк став и краток, дрзок заден дел со нагласени колкови. Рековме веќе дека е секси, така?
Но вистинската магија е можноста на TTS (да скратиме) е да се трансформира. Со притискање на копче на средишната конзола, формата се менува – предниот и задниот браник се издолжуваат и целиот автомобил е подолг за 100 милиметри. Дополнително, суспензијата се спушта за 15 милиметри. И зошто сето тоа? Па за подобра аеродинамика, секако.
Се трансформира и кабината – дигиталние дисплеи се вовлекуваат и во кабината станува чисто, без ништо што би го одвлекувало вниманието.
Океј, а перформанси? Па од Lynk & Co (сега за сега) не објавуваат никакви конкретни детали, но кажуваат дека е концептот е целосно-електричен и со погона на задните тркала. Додаваат дека концептот забрзува до 100 километри на час за рамно 2 секунди – импресивно со оглед на тоа дека погонот не е на сите четири тркала.
И можеби најинтересното е дека Lynk & Co навестуваат дека ова не е само дизајнерска авантура, туку директно кажуваат дека ќе го искористат фидбекот од јавноста и Lynk & Co заедницата за одлуките во однос на погонските опции и сериското производство.
Па.. Ја имаат нашата поддршка!



















