full screen background image
Search

Formula 1 – ГН Германија: Себастијан Фетел за прв пат го освои домашното гран при!

Германецот Сеабстијан Фетел од тимот на Red Bull, стигна до својата 4-та победа оваа сезона и се зацврсти на лидерската позиција во генералниот пласман. Победата е уште послатка, бидејќи ја извојува пред своите гледачи.

Себастијан Фетел го проби малерот и успеа да триумфира пред својата публика, успевајќи да го задржи зад себе пилотот на Lotus, Кими Раиконен кој заврши втор со само 1 секунда заостанување. Подиумот го комплетираше тимскиот колега на Раиконен, французинот Роман Грожан.

Возачите на Red Bull го искористија слабиот старт на Луис Хамилтон и ја поведоа трката. Хамилтон на крајот заврши на 5-та позиција, веднаш зад возачот на Ferrari, Фернандо Алонсо кој не успеа да го претекне Грожан во финишот за место на подиумот. Марк Вебер по инцидентот во боксот при што беше повреден еден камерман ја загуби 2-та позиција и мораше да се пробива од последното место за на крајот да само до 7-та позиција. Повторно малерозен беше Фелипе Маса чиј болид се изврте на крајот од стартно целната рамнина во 3-от круг и не успеа да ја продолжи трката.

Моментот кој што го направи финишот на трката интересен беше запирањето на болидот на Жил Бјанки од Marussia, кој застана на угорницата пред шиканата и почна да се враќа наназад, па безбедносното возило беше принудено да искочи на патеката. Сепак, Фетел успеа да одолее на нападите на возачите на Lotus и прв да ја премине целта.

Интересно е да се спомене, дека по ограничувањата што ФИА им ги зададе на тимовите во однос на дозволениот минимален притисок во пневматиците и максмиланиот нагиб на тркалата, на денешната трка, пневматиците на Pirelli функционираа одлично.

Поврзано:   Ф1 Монца: 1-2 победа за McLaren! Кој го очекуваше тоа?

Следува пауза од 3 седмици пред следната трка која што ќе се вози во Унгарија и можност за тимовите да работат подобрување на своите болиди.

Резултати од трката за ГН на Германија:

1. S.Vettel 	 	RBR-Renault 	
2. K.Raikkonen 	 	Lotus 	
3. R.Grosjean 	 	Lotus 	
4. F.Alonso 	 	Ferrari 	
5. L.Hamilton 	 	Mercedes 	
6. J.Button 		McLaren 	
7. M.Webber 		RBR-Renault 	
8. S.Perez 	 	McLaren 	
9. N.Rosberg 	 	Mercedes 	
10. N.Hulkenberg 	Sauber 	
11. P.Resta 	 	Force India 	
12. D.Ricciardo   	STR-Ferrari 	
13. A.Sutil 	 	Force India 	
14. E.Gutierrez 	Sauber 
15. P.Maldonado  	Williams 	
16. V.Bottas 	 	Williams 	
17. C.Pic 	 	Caterham 	
18. G.Garde 	 	Caterham 	
19. M.Chilton 	 	Marussia 	
Отк. J.Vergne 	 	STR-Ferrari 	
Отк. J.Bianchi 	 	Marussia 	
Отк. F.Massa		Ferrari

Генерален пласман – возачи:

1. Sebastian Vettel - 157
2. Fernando Alonso - 123
3. Kimi Raikkonen - 116

Генерален пласман – конструктори:

1. RBR-Renault - 250
2. Mercedes - 183
3. Ferrari - 180


Подготви: Игор Андоноски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.