Ford претстави три специјални изведби на Focus ST на нивниот автомобилски штанд на саемот за тјунинг во Лас Вегас.
Првиот и најинтересниот е примерокот обоен во Gulf бои, направен од Универзалниот Технички Институт. Неговиот екстериер е дотеран во рели стил, со поширок бодикит, огромни бели конкавни фелни и Vortech компресор на местото од стандардниот турбополнач.
Полицискиот Focus ST DRAGG ја игра улогата на возило на спроведниците на законот и се одликува со челичен штитник монтиран на предниот браник, ротациони светла на кровот, поголем заден кровен спојлер, карбонски сплитер, држач за пушка во кабината, Borla издувен систем, Motegi фелни, Eibach пружини и Willwood сопирачки.
Третиот автомобил е проект на PM Lifestyle и е најмалку впечатлив од трите изложени модели. Четири-цилиндарскиот турбополнет агрегат е тјуниран со помош на Banks Power, COBB Tuning и Ford Racing. Суспензијата е надградена со прилагодливи амортизери, а стандардните фелни се заменети со 19=инчни Rotiform фелни кои ги покриваат посилните сопирачки од производителот Willwood. Измените ги заокружуваат спортските седишта Sparco Chrono кои ќе ги задржат телата на патниците во едно место при возење низ кривулестите патишта.