full screen background image
Search

Mercedes-Benz го најавува новото S-Class Coupe со официјални скици!

Најголемото купе на Mercedes-Benz, базирано на S-Class веќе нема да ја носи ознаката CL, туку ќе се вика S-Class Coupe!

Концептот ќе се појави на саемот на автомобили во Франкфурт и веќе се шпекулира дека ќе биде многу блиску до серискиот модел. Нема никакви податоци околу погонот, ниту пак околу технологијата која ќе се користи за изработка на овој автомобил, но скиците ветуваат многу!

Но сепак, кога ќе се појави во сериско производство, големото купе ќе можеме да го очекуваме со неколку бензински, а најверојатно и дизелски мотори, а не би биле изненадени доколку се понуди и хибридна варијанта, како и AMG верзија придвижувана од огромен V12 агрегат која ќе ја носи ознаката S65AMG Coupe.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.