Францускиот производител го прикажа освежениот Megane во сите свои варијанти, само неколку дена пред почетокот на саемот во Франкфурт!
Освежениот Megane сега ја носи новата корпоративна предница и е прилично големо освежување за моделот. Освежени се сите варијанти – хечбекот со пет врати, купето со три врати, караванот, како и спортскиот Megane RS 265.
Сеуште нема објавени никакви информации за промени во внатрешноста, ниту пак за евентуални нови мотори – но претпоставуваме дека ќе продолжат да се нудат мноштвото различни бензински и дизел мотори.
Продажбата на освежениот Renault Megane ќе започне на почетокот на следната година.