Галерија на денот: SRT Viper на HRE фелни – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Галерија на денот: SRT Viper на HRE фелни

Дами и господа, вака изгледа врвен сериски автомобил од САД. За околу 100,000 долари добивате поголема зафатнина од било кој суперавтомобил, а знаете што велат за замената за зафатнина.

Овој примерок на Viper, прикажан на фотографиите, е опремен со GTS пакетот и е најверојатно еден од многу бараната Launch Edition верзија. Автомобилот изгледа прекрасно, па затоа не му е потребен бодикит, но нов пар фелни се секогаш добредојдени. Токму тоа го помислиле и Whitehead Motorsport, кои го опремиле моделот со конкавни HRE P44SC фелни, кои совршено се согласуваат со линиите на каросеријата.

Сепак, доколку се прашуваме ние, сметаме дека на автомобилот му недостасува само уште преден сплитер од Time Atack верзијата за да изгледа совршено.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.