2013 Viper GTS Launch Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2013 Viper GTS Launch Edition

Chrysler-овиот SRT претстави нова ограничена верзија од претстојниот 2013 Viper пред неговата светска премиера на Pebble Beach Concours d’Elegance во Монтереј, Калифорнија.

Автомобилот наречен SRT Viper GTS Launch Edition е направен во чест на претставувањата на претходните модели на Viper Coupe во 1996 и 2006. Поради таа намена, обоен е во Viper-овата карактеристична сина боја со две бели линии кои се протегаат во должина на целиот спортски автомобил. Вози на полирани алуминиумски тркала со пет краци, чив дизајн потсетува на тие од моделот од 1996.

Внатрешноста на оваа ограничена верзија ќе биде уникатно обележана со плочка со серискиот број на примерокот од серијата, додека седиштата, внатрешната страна на вратите, инструмент панелот, воланот, рачката од менувачот и централната конзола ќе ги покрива Black Laguna кожа со контрастни шевови .

Силата останува непроменета и доаѓа од истиот целосно алуминиумскиот, 8.4-литарски V10 агрегат кој произведува 640 коњски сили и 815 Nm вртежен момент.

Производството ќе биде ограничено, но Chrysler нема објавено колку Viper GTS Launch Edition возила планира да произведе.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.