KIA Sorento Facelift – Повеќе информации – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA Sorento Facelift – Повеќе информации

Веќе добро знаеме дека KIA направи редизајн на најголемиот модел во понудата, Sorento. Но сега пред официјалното претставување имаме повеќе информации за освежувањето!

Ние веќе еднаш пишувавме за фејслифтот на Sorento, но сега можеме да го разгледаме ова освежување подетелано!

Сега и официјално знаеме дека претставувањето на овој фејслифт е закажан за саемот во Париз, а имаме и детали за моторите. Во Европа KIA Sorento ќе биде понуден со три мотори, сите во комбинација со шест-степениот мануелен менувач или со шест-степениот автоматски менувач.

Во понудата се 2.0 литарскиот дизел мотор со 148 КС и 2.2 литарскиот турбо-дизел мотор кој има моќност од 195 КС. Овој мотор може да се пофали и со импресивни бројки на еколошки план. Поголемиот турбо дизел моторот испушта само 153 g/km CO2 на изминат километар. На крајот, тука е и 2.4 литарскиот GDI бензинец со директно вбризгуавање кој има моќност од 172 КС.

Во Америка понудата на мотори ќе биде проширена и со 2.4 MPI моторот кој има 172 КС и со 3.5 литарскиот V6 мотор кој нуди 276 КС. Овие мотори ќе бидат достапни само на определени пазари (пред се Американскиот).

Уште една новост кај овој фејслифт е шасијата, која е потполно нова. KIA се пофали дека сега, шасијата е значително подобрена, а дополнителна новост е серво воланот, кој е наречен “Flex Steer” .

За жал при соопштувањето на овие детали, KIA не претстави и нови фотографии.

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.