KIA Sorento – први официјални фотографии! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA Sorento – први официјални фотографии!

После големиот број шпионси фотографии и шпекулации за изгледот на фејслифираната верзија на Sorento, KIA денес ги претстави првите официјални фотографии!

Редизајнот почнува напред, со новата маска, променетиот браник и LED дневните светла. Ретровизорите добија благ редизајн и нов додаток – светла за покажување на правецот. 19-инчните алуминиумски бандажи исто така добија нов дизајн!

Задниот дел доби повеќе измени. Новите светла, браникот и вратата на багажниот простор беа мета на фејслифтот. Внатрешноста исто така претрпе промени. Тука инструмент таблата е реизајнирана, користени  се поквалитетни материјали, а исто така новиот редизајниран модел ќе нуди и повеќе опрема. Да напоменеме дека покрај редизајнот, KIA Sorento сега има помала тежина!

Информации околу промена на понудата на моторите сеуште нема, но шпекулациите говорат дека новиот четвороцилиндричен мотор со 264 КС од Hyundai Santa Fe треба да се најде и во KIA Sorento.

Продажбата на овој редизајн се очекува да стартува до крајот на оваа година, а можно е и да биде претставен на саемот во Париз во септември!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.