Регулаторната Комисија за Енергетика на денешната седница ги објави новите цени на горивата!
Цените на бензинот се намалени за 3,50 ден/лит, односно малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78 ден/лит додека ЕУРОСУПЕР БС 98 сега е 80,00 ден/лит. Нафтата пак се намалува за 3,00 ден/лит, што значи дека на бензинските пумпи од вечерва ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 67,50 ден/лит!
Наредната рекалкулација на ценитe на горивата ја очекуваме за 14 дена!