Новиот Viper TA дебитира во Њу Јорк – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Viper TA дебитира во Њу Јорк

SRT претстави ограничена верзија од новиот Viper наречена TA (Time Attack), која ќе ги задоволи ентузијастите што сакаат да бидат побрзи во свиоци.

Новиот Viper TA е опремен со истиот 8.4-литарски V10 агрегат кој развива 640 кс, но има далеку подобро управување благодарение на изменета суспензија, првенствено наменета за на тркачките патеки, карбонско X-зајакнување над моторот, карбонски предни и задни спојлери, полесни фелни обвиени во Pirelli P Zero Corsa пневматици и лепенки наместо назнаки.

Ќе бидат произведени само 33 примероци од Viper TA, сите обоени во специјална портокалова боја направена ексклузивно за овој модел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.