Вон Гитин Јуниор кон нови победи со новиот Ford Mustang RTR – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вон Гитин Јуниор кон нови победи со новиот Ford Mustang RTR

Шампионот во Formula Drift, Вон Гитин Јуниор само што го претстави новиот Ford Mustang RTR кој ќе го користи во 2013-тата сезона.

Овогодишниот Monster Energy дрифт автомобил располага со не помалку од 845 кс, кои се испорачуваат од алуминиумскиот V8 агрегат поврзан со четири-степена трансмисија кон задните тркала. Тежината на новиот Mustang RTR изнесува само 1300 килограми.

Вон Гитин Јуниор е презадоволен од перформансите и новите шари на тркачки автомобил со кој ќе ја започне новата сезона. Тој не само што ќе се натпреварува со него на Formula Drift шампионатот, туку ќе учествува на Светската дрифт серија во Кина, повеќе настани низ Европа и дури на посети во некои воени бази.

Новиот Monster Energy Mustang RTR ќе дебитира на 12-13ти Април, кога ќе започне првата рунда од Formula Drift во Лонг Бич, Калифорнија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.