Утринска Гимнастика: Лудориите на Vaughn Gittin Jr. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Лудориите на Vaughn Gittin Jr.

Една од многуте предности од да се биде професионален дрифтер е можноста да се прават работи за кои другите возачи можат само да сонуваат, како на пример, лизгањето помеѓу и околу нови автомобили во фабрика на производител.

Сепак, овој сон стана јаве за Vaughn Gittin Jr., кој беше повикан од Ford во нивната Flat Rock Assemly фабрика во Мичиген, во која почнувајќи од 2004, е создаден секој Mustang досега. Триесет и две годишниот дрифтер од Анаполис влезе во својот Mustang RTR, ги изгоре гумите и остави траги околу фабриката на автомобилскиот производител, тест патеката и паркиралиштето со Mustang-зи.

Додека повеќето средби беа многу блиски, еден црвен Mustang купе доби нов потпис од Vaughn на левата страна.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.