Пропадна Better Place иницијативата за електрични возила! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пропадна Better Place иницијативата за електрични возила!

Иако иницијативата ги имаше сите шанси да успее, сепак по неколку години и неколку илјади продадени возила, компанијата зад сето тоа најави дека проектот е пред својот  крај.

Better Place беше еден од оние храбри проекти кои требаше да ги доближат електричните автомобили до купувачите и да го надминат најголемиот проблем со ваквиот погон – долгото полнење на батерии. Better Place тоа го реши со систем за забрзано менување на батериите – замислете дека треба некаде да отпатувате а батеријата во вашиот електричен Renault Fluence ZE е празна. Решението е едноставно – влегувате во една од станиците на Better Place и таму вашата празна батерија се заменува со полна за само неколку минути.

За жал, иако имаше големи шанси да успее, сепак проектот згасна. Компанијата оптимистички најави дека ќе успее да продаде 100.000 автомобили во Израел и Данска (каде што беше имплементиран проектот) до 2016, но според различни извори досега продадоа помеѓу 1300 и 2500 возила – далеку зад предвидувањата. Сепак, покрај згаснувањето на иницијативата, Renault останува зад своите купувачи и ќе продолжи да им нуди одржување на овие возила и нивните батерии. Останува нејасно што ќе се случи со станиците за промена на батерии и дали постоечките купувачи ќе можат да ги полнат батериите на своите возила само во домашни услови.

Carlos Ghosn, харизматичниот предводник на Renault изјави дека овие случувања не ги ставаат во прашање инвестициите и иницијативите кои Renault ги има направено во поглед на електричните возила, ниту пак нивната доверба во батериски пакети кои се менуваат.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.