Утринска Гимнастика: Peugeot 208 T16 Pikes Peak на Мон Ванту – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Peugeot 208 T16 Pikes Peak на Мон Ванту

Peugeot објави извонредно видео од тестирањето на нивниот тркачки автомобил 208 T16 Pikes Peak на планината Мон Ванту.

Позната како најдобар дел од велосипедската трка Tour de France, Мон Ванту претставува одлично место за тестирање на автомобилот бидејќи нуди стрмен терен и големи височини. Според Себастијан Лоеб, многу е важно да го прилагодат автомобилот на терен кој е сличен со оној што ќе се соочат на Pikes Peak во САД.

При овој настан, Францускиот бренд успеал да склопи одлично видео кое нас нè потсетува на возбудливите бркотници со автомобили на Taxi филмовите! Уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.