Peugeot 208 T16 Pikes Peak – 875 коњски сили на 875 килограми! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 208 T16 Pikes Peak – 875 коњски сили на 875 килограми!

Peugeot ги објави официјалните спецификации на 208 T16 Pikes Peak со кој Себастијан Лоеб ќе се обиде да постави нов рекорд на овогодишниот Pikes Peak настан на 30ти Јуни.

Тркачката верзија од популарниот градски автомобил Peugeot 208 ќе ја придвижува 3.2-литарски битурбо V6 агрегат со 24 вентили, 875 кс и 900 Nm вртежен момент, монтиран во средишниот дел на автомобилот. Силата се испорачува кон сите четири тркала преку секвенцијален шест-степен менувач со палки позади воланот. Како последица на ова, 208 T16 Pikes Peak е способен да забрза од 0-100 км/ч за 1.8 секунди, 0-200 км/ч за 4.8 секунди, а од место до неговата максимална брзина од 240 км/ч за само 7.0 секунди.

Однадвор, на автомобилот се забележува екстремно агресивен бодикит, со странични ауспуси и огромни спојлери. Моделот има должина од 4.500 mm, ширина од 2.000 mm, височина од 1.300 mm, како и широчина на трагот на тркалата од 2.695 mm. Конечната тежина изнесува 875 килограми, а односот е една коњска сила на еден килограм.

Ова се навистина одлични перформанси и сметаме дека Францускиот бренд има прилично добри шанси да го исполни тоа што го планира, а со тоа да се врати во славните тркачки времиња.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.