Двата нови концепти ја истакнуваат амбицијата на Peugeot да ги помести границите на дизајнот, иновациите и интелигентната мобилност.
Плус, од Peugeot напоменуваат дека иако концептите ја исцртуваат иднината, истовремено остануваат верни на вистинските вредности на брендоти – емоции и уживање во возењето. И ова не се само „дизајни студии“ – ова е директен пример за подготвеноста на Peugeot да ги очекува идните барања на купувачите и да изгради нова генерација на посакувани, технолошки-напредни автомбоили.
Peugeot Concept 6 е визија за храбра нова генерација на големи седани. Силуетата успешно соединува елеганција на седан со динамичност на Shooting Brake. Концептот изгледа елегантно и спортски, но истовремено и модерно и безвременски.
Од Peugeot гордо кажуваат дека Concept 6 отсликува рафиниран и емотивен пристап кон дизајнот и горделиво истакнува француски талент и силно чувство за пропорции.
Од друга страна, тука е Concept 8 кој ја најавува иднината на големите SUV модели на Peugeot. Чистиот дизајн сугерира ефикасност и аеродинамични перформанси, а ставот ветува уживање во возењето. Од Peugeot кажуваат дека Concept 6 e „спортски и со дарежливи пропорции“ и дека токму овој концепт го најавува следното поглавје во SUV амбициите на Peugeot.
Заедно, двата модели ги отелотворуваат вредностите на Peugeot – спортски, агилни и беспрекорно експресивни. Всушност, од Peugeot гордо и самоуверено кажуваат дека во свет кој е сè поедноличен, Peugeot одбира емоции, став и значење и преферира чистота пред непотребен вишок и карактер пред бучавост.











