2013 SRT Viper доаѓа во Европа? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2013 SRT Viper доаѓа во Европа?

Новиот SRT Viper би можел да го збогати пазарот во Европа, но со почетна цена од 139,900 евра.

Покрај тоа што Chrysler потврди дека Viper нема да биде достапен во Европа, импортерот со база во Минхен, GeigerCars изјави дека ќе увезе мал број на модели во Германија. Сепак, купувањето на едно од овие возила од импортерот нема да биде воопшто ефтино, така што цената е речиси двојно поголема од онаа на домашниот пазар. Цената од 97,395 долари во САД, ќе биде зголемена на 139,900 евра доколку биде купен во GeigerCars.

Chrysler изјави дека сака да ги фокусира нивните ресурси за да се осигура дека моделот е добро прифатен на неговиот домашен пазар. Исто така го наведе неповолниот девизен курс и продолжената економска несигурност како причини да не го донесе автомобилот во европа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.