Новата Honda CR-V пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Honda CR-V пристигна во Македонија!

Новиот теренец на Јапонскиот производител пристигна во Македонија, и веќе може да се види и проба во салонот на Honda!

Новиот CR-V е значаен модел за Honda. Сепак, ова е најпродаваниот SUV на сите времиња. На прв поглед, новиот CR-V изгледа модерно и привлечно, а сигурни сме дека ќе имаме добри импресии од него кога ќе ја имаме можноста да го повозиме.

CR-V ќе се нуди во четири нивоа на опрема, наречени Comfort, Elegance, Lifestyle и Exective. Ќе се нуди со два мотори – еден дволитарски бензински агрегат со 155 коњски сили и 192 Nm вртежен момент, и еден дизелски агрегат со зафатнина од 2.2 литри кој нуди 150 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Цените започнуваат од 24.490 евра за основниот бензинец, односно 30.990 за основниот дизел, и одат до 29.990 евра за најскапиот бензинец и 38.990 за најскапиот дизел, сите опремени со погон на сите четири тркала. Интересно е да напоменеме дека во моментов Honda одобрува попуст од 3000 евра на овие цени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.