Новиот SRT Viper ACR пристигнува во 2014 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот SRT Viper ACR пристигнува во 2014

Кога се појави на пазарот Dodge Viper ACR успеа да постави два рекорди на патеката Нирбуринг, а неговиот наследник се очекува да пристигне во 2014.

Новиот Viper ACR ќе располага со аеродинамичен бодикит со масивен преден и заден спојлер. Најверојатно е дека ќе има пониска висина на возење, спортска суспензија со прилагодливи амортизери и потврди пружини. Се очекува автомобилот да има сопирачки со високи перформанси, широки Pirelli пневматици и намалена тежина.

Сепак, она од што стравуваа фановите на Chrysler кога групацијата Fiat го купи Американскиот бренд изгледа дека ќе се исполни. Извршниот директор на SRT истакна дека добиле наредба Viper-от да не ја надмине силата на Ferrari F12 Berlinetta па поради тоа има идентични 2.36 килограми на една коњска сила. Според истиот извор Viper-овиот 8.4-литарски V10 агрегат лесно може да произведува повеќе од 730-те кс кои доаѓаат од 6.2-литарскиот V12 мотор на F12 Berlinetta, но Ferrari не се среќни за оваа идеја. Доколку момците од SRT успеат да ги убедат нивните шефови од Fiat да им дадат слобода. можеби ќе видиме уште посилен сериски Viper.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.