Прес презентација на Ferrari F12 Berlinetta – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прес презентација на Ferrari F12 Berlinetta

Оваа недела во Италија, Ferrari одлучи да го отстапи најмоќниот автомобил досега на неколку новинари. Сега ви нудиме повеќе фотографии и промо видео на Ferrari F12 Berlinetta.

Ferrari одлучи да објави и неколку фотографии како и две нови промо видеа од овој настан. Од Ferrari тврдат дека F12 Berlinetta со својот 6,2 литарски V12 мотор кој испорачува 730 КС и 690 Nm вртежен момент е најмоќното Ferrari досега, а тоа го покажува со своето време во Fiorano од 1 минута и 23 секунди.

Да се потсетиме – V12 моторот и овозможува на F12 Berlinetta да забрза од 0 до 100 km/h за 3,1 секунда, додека забрзувањето од 0 до 200 km/h трае 8,5 секунди. Максималната брзина на ова Ferrari е нешто повеќе од 340 km/h.

Сега кога веќе знаеме се за Ferrari F12 Berlinetta и нејзините можности, ќе ве оставиме да уживате во галеријата и видеата во продолжение.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.