WRC: Себастијан Ожие во посебна класа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Себастијан Ожие во посебна класа!

Себастијан Ожие покажа одлично возење во вториот ден, со што ја присвои првата позиција на генералната табела.

Volkswagen-овиот возач постави пет најбрзи времиња на седумте етапи и се најде 31.4 секунди пред најблискиот ривал Себастијан Лоеб. Се чини дека Ожие цврсто ја држи првата позиција, па сега е поинтересна битката за второто место.

Citroen-овиот возач Лоеб го зголеми водството пред Јари-Мати Латвала за две десетинки на 1.7 секунди. Но и двајцата се под притисок од Мадс Остберг, кој заостанува само девет секунди зад нив. Понтус Тајдманд покажа сосема солидно возење, со што се најде на шестата позиција, само 10 секунди зад Евгени Новиков. Тери Невил го заврши денот на осмата позиција, додека Хирвонен направи грешка која го смести на 32-та позиција.

Ова покажува не само колку е подготвен поранешниот тимски колега да се бори за титулата, туку и колку е подготвено возилото на Volkswagen да му го овозможи тоа.

Водечки позиции по осмата етапа:

Поз.  Возач                          Тим/Автомобил              Време/Разлика

 1.  Себастијан Ожие     VW                    1h16m00.1s
 2.  Себастијан Лоеб     Citroen               + 31.4s
 3.  Јари-Мати Латвала   VW                    + 33.1s
 4.  Мадс Остберг        Qatar M-Sport Ford    + 42.3s
 5.  Евгени Новиков      Qatar M-Sport Ford    + 1m11.7s
 6.  Понтус Тајдманд     PTM Ford              + 1m22.1s
 7.  Јухо Ханинен        Qatar M-Sport Ford    + 1m49.5s
 8.  Тери Невил          Qatar M-Sport Ford    + 2m00.2s
 9.  Хениг Солберг       M-Sport Ford          + 3m25.3s
10.  Мартин Прокоп       Czech Ford            + 4m43.3s



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.