Запознајте го Марко! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Запознајте го Марко!

Дали го знаете Марко? Претпоставуваме дека не, ама дозволете ни да ви го претставиме најмладиот Македонски рецензент на автомобили!

Марко е едно младо момче со многу интересно хоби – Марко прави рецензии за своите автомобили, на Интернет, и тоа на англиски јазик! Малиот автомобилски новинар е наш редовен читател, но и голем вљубеник во автомобилите. Направивме едно мало интервју со Марко, и денес ви ги пренесуваме неговите одговори, но и неколку видеа кои тој самиот ги има направено!

Здраво Марко! Кажи ни нешто повеќе за тебе?

Се викам Марко Соколовски и имам 10 ипол години. Роден сум 5ти март и учам во училиштето Војдан Чернодрински.

Очигледно имаш огромна љубов кон автомобилите. Од каде таа љубов?

Веројатно е наследно затоа што вујко ми, дедо ми и прадедо ми се големи љубители на коли.

Од каде ја доби идејата за да правиш сопствени рецензии на возила?

Таа идеја ја добив од другите луѓе кои прават такви рецензии само изгледаат попрофесионално. Тие користат HD камери а јас нормален апарат. Ама имам многу такви возила и затоа ги правам рецензиите. Во последно време не сум ставил нови видеа, но чекам нов апарат за сликање.

Кое е твоето омилено возило?

Моето омилено возило (сега) е Jaguar XF, затоа што е многу елегантен и има многу поразвиена технологија од останатите автомобили.

Кое е најинтересното возило во кое си се возел?

Имам две такви возила. Првото е Toyota Land Cruiser, се возев со него кога ги зимав оценките од училиште. Ме импресионираше со сите „гаџети“ што ги имаше, го стартував, и многу ми се допадна. Второто е едниствената сочувана muscle car во Македонија. Pontiac Trans-Аm од 1976 година. Него го вози еден другар на вујко ми (не тој што се интересира за коли), супер е!

Дали следиш некој од автомобилските спортови, и кој ти е омилен возач?

Да следам – Формула 1 и Rally, и мојот омилен возач е Lewis Hamilton.

Ти благодариме за твоето време Марко, дали имаш нешто да ни порачаш на крај?

Па за крај имам да ви предложам да направите уште CARclubTV видеа – на пример за новиот Citroen DS5, и ви благодарам многу!

Ние му благодариме на Марко за времето што го одвои за да позборува со нас, а сега ви пренесуваме неколку од неговите видеа:



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.