full screen background image
Search

Bugatti развива Veyron Super со 1,600кс

Поради новите суперавтомобили на Ferrari и McLaren кои се подготвуваат да бидат лансирани следната година, Bugatti ќе ја помести границата за да биде сигурен дека моделите нема да ја украдат славата на Veyron.

Француската компанија под раководство на Volkswagen групацијата, ќе претстави екстремен Veyron Super на автомобилскиот саем во Франкфурт во 2013. Ултра пресижниот модел ќе користи засилен 8.0 или 9.6-литарски агрегат кој развива 1,600 кс. Ова ќе му овозможи на суперавтомобилот да забрзува од 0-100 км/ч за само 1.8 секунди и да достигне импресивна максимална брзина од 463 км/ч.

Овие бројки можеби звучат неверојатно, но ова ќе биде можно поради намалувањето на тежината за 246 кг во споредба со SuperSport. Ова значи дека автомобилот ќе тежи 1,600 кг и ќе има однос сила спрема тежина од еден спрема еден. Според истиот извор Veyron Super ќе чини над 1.9 милиони евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.