Nissan има намера да го продолжи успехот на Qashqai и Juke на Европскиот пазар, со нов фамилијарен пет-вратен компактен автомобил во B-сегментот.
Јапонскиот производител ќе лансира директен конкурент на Ford Focus, Оpel Astra и Volkswagen Golf во 2014. Ова ќе биде прв пат Nissan да понуди нов автомобил во Европската класа на фамилијарни компакти од 2006, по повлекувањето на Almera.
Новиот хечбек се очекува да изгледа слично на сегашната и следната генерација на Qashqai, како и новиот Note. Уште една причина за лансирањето на овој модел е намалувањето на ризикот дека следниот Qashqai нема да доживее еднаков успех како сегашниот модел.
Најверојатно, гамата на мотори ќе ги содржи Renault-овите 1.5 dCi дизел и нисколитражните бензински мотори. Сепак, моделот ќе се нуди само со пет врати.