BMW прослави 25 години од својот прв V12 агрегат – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW прослави 25 години од својот прв V12 агрегат

BMW годинава слави 25 години од својот прв V12 агрегат, а тоа го направи со ретроспектива на неговиот развој.

Најпрво претставен во 750i од 1987 година, 5.0-литарскиот мотор произведуваше 300 кс и 450 Nm вртежен момент. Тој ја освои симпатијата на публиката и повеќе од 3,000 порачки беа регистрирани пред неговото дебитирање на автомобилскиот саем во Женева.

BMW 750i беше првиот сериски Германски v12 агрегат по Втората Светска Војна. Развојот започнал во 1972 кога автомобилскиот производител ја проучувал изводливоста од комбинирање на два постоечки шест-цилиндерски агрегати за да се создаде дванесет-цилиндарец. Прототипот бил комплетиран во 1974, но тежел 315 кг, што било премногу тешко за да се користи во возило во сериско производство. Затоа бил започнат развој на полесен мотор, но тој бил прекинат поради енергетската криза.

Во 1982, светскиот пазар се стабилизирал и BMW се чувствувал доволно сигрен за да го продолжи развојот на дванаесет-цилиндерскиот агрегат. Сепак, било решено тој мотор да биде направен од ново наместо да пробаат да состават два постоечки агрегати со шест-цилиндри. Така компанијата успешно го создала 5.0-литарскиот мотор кој конечно дебитирал во 750i.

Низ годините, овој агрегат еволуирал и станувал се посилен. Во 1994, имал зафатнина од 5.4-литри и произведувал 326 кс. Осум години подоцна, 760i дебитирал со 6.0-литарски V12 мотор кој развивал 445 кс. Најновиот, сегашен 6.0-литарски V12 агрегат испорачува 544 кс и 750 Nm вртежен момент.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.