Fiat Bravo Xtreme concept на Sao Paulo Motor Show – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat Bravo Xtreme concept на Sao Paulo Motor Show

На автомобилскиот саем во Сао Пауло, Бразил, Fiat претстави интересен Xtreme концепт базиран на Bravo.

Тој е опремен со агресивен боди кит кој содржи нов преден браник со голема решетка и два странични отвори за воздух со вградени LED дневни светла. Предните светлосни групи се редизајнирани и исто така имаат интегрирани LED светла, додека на задниот дел се забележува нов браник со вграден дифузер, две издувни цевки и LED стоп светла. Покрај останатото, тука се и поагресивни странични прагови, масивни двобојни фелни и кровен спојлер.

Најинтересната работа кај овој концепт е 1.4-литарскиот T-Jet агрегат кој е способен да испорача 253 кс при 6,600 вртежи и вртежен момент од 332 Nm при 5,000 вртежи во минута, а за подобро “лежење” на патот тука е потврдата и 5mm пониска суспензија.

Во внатрешноста на Fiat Bravo Extreme се среќаваат четири посебни седишта, АSK аудио систем, редизајнирана инструмент табла, нова централна конзола и екрани вградени во потпирачите за глава на предните седишта.

Fiat не објави планови за сериско производство на овој автомобил, но би било штета доколку не се случи тоа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.