Novitec и додаде спортски дух на новата Fiat Panda – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Novitec и додаде спортски дух на новата Fiat Panda

За тие што не можат да ја дочекаат Abarth-овата верзија од последната генерација на Panda, Германскиот тјунер Novitec понуди пакет со подобрувања на перформансите и изгледот.

Компанијата нуди подобрувања за два агрегати од нејзината гама. Првиот, 0.9-литарски TwinAir мотор со два цилиндри е засилен од 84 на 98кс овозможувајќи забрзување од 0-100 км/ч за 10.1 секунда и максимална брзина од 188 км/ч. Вториот перформансен пакет ја засилува моќноста на 1.3-литарскиот 16V MultiJet турбо дизел од 74 кс на 90 кс. Со надградбата, овој модел забрзува од 0 до 100 км/ч за 11.9 секунди и достигнува максимална брзина од 178 км/ч.

Останатите модификации содржат спортски издувен систем, основен пакет на суспензија кој ја приближува каросеријата за 35 mm поблиску до патот или прилагодлива суспензија која се мести од 30mm до 80mm, и 17-инчни алуминиумски фелни во мат црна или темна сива боја, обвиени во нископрофилни спортски гуми.

Што се однесува до екстериерот, додадени се нов преден спојлер монтиран на долниот дел од браникот и кровен спојлер на задниот дел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.