Премиера: 2013 Chevrolet Trax – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: 2013 Chevrolet Trax

Chevrolet-овата верзија од Opel Мokka ќе го доживее нејзиното јавно промовирање на Саемот во Париз, а ќе започне со продажба во почетокот на 2013.

Дизајниран да се натпреварува со Nissan Јuke, Trax ќе се продава во повеќе од 140 држави низ светот. Поставен на истата платформа, Chevrolet-овиот кросовер е 32 mm пократок и 131 mm повисок од неговиот брат од Opel, додека багажниот постор собира 358 литри.

Што се однесува до изгледот, Trax потсетува на помала и поспортска верзија на Captiva. На предниот дел се забележува големата решетка поделена со една хоризонтална линија, карактеристична за сите нови модели на Chevrolet, испакнати предни и задни крила,  како и позаоблено задно ветробранско стакло.

Гамата на мотори ќе биде иста како кај неговиот Германски близнак, вклучувајќи 1.6-литарски атмосферски бензинец со 115 кс, 1.4-литарски турбо-бензинец со 140 кс сериски опремен со шест-степен мануелен менувач, како и 1.7-литарски турбо дизел кој испорачува 130 кс и 300 Nm.

Погонот на сите тркала и шест-степената автоматска трансмисија ќе се нудат само кај 1.4-литарскиот турбо бензинец и 1.7-литарскиот турбо дизел, а сите верзии со рачен менувач ќе бидат опремени со старт/стоп систем.

Chevrolet сеуште не ги објави цените, но се очекува Trax да има слична цена како неговиот ривал Skoda Yeti, кој чини 13,840 евра во најосновната варијанта.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.