Премиера: Nissan Juke Nismo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Nissan Juke Nismo

Можеби не е толку посебен или моќен како специјалната верзија Juke R, но Nissan верува дека повеќето купувачи кои бараат нешто поспортско од обичниот Juke ќе бидат задоволни со новиот Nismo модел, кој ја направи неговата светска премиера во сериска форма на овонеделните 24 часа Le Mans.

Ознаката Nismo носи неколку подобрувања почнувајжи со засилена верзија на неговиот 1.6-литарски турбо мотор со директно вбризгување. Nissan сеуште не ги објави спецфикациите, но во стандардната верзија 1.6-литарскиот турбо мотор испорачува 188 КС и 240 Nm вртежен момент. Располага со покрута суспензија, поспортско директно управување и подобрена тракциона контрола.

Однадвор, Juke Nismo се истакнува со новиот аеродинамичен пакет кој содржи нов преден браник со дискретен спојлер и LED дневни светла, пошироки крила и странични прагови, изменета предна маска, нов заден браник со интегриран дифузер и една издувна цевка, плус кровен спојлер и црвени детали. Овој спортски кросовер вози на ново дизајнирани алуминиумски бандажи обвиени во нископрофилни гуми.

Во внатрешноста, Nismo третманот вклучува редизајнирани педали, волан, рачка на менувачот и тапацири на вратите, плус нови спортски седишта од антилоп со шевови од црвен конец. Новиот Juke Nismo ќе започне со продажба на Европскиот пазар во почетокот на 2013.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.