Официјално: Nissan Juke-R – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Nissan Juke-R

Конечно официјално претставен Juke-R – автомобилот кој остава без зборови. Под уникатниот дизајн се крие добро познатиот Nissan GT-R!

Уште на самиот почеток да напоменеме дека Juke-R ќе биде произведен во само неколку примероци од автомобилот кој всушност е спој на двата најиновативни модели на Nissan – Juke и GT-R!

Juke-R ќе биде дури и помоќен од својот претходник, односно неговиот концепт. Разликата меѓу концептот и официјалниот Juke-R е 60КС! Под хаубата на Juke-R како што веќе знаеме се крие добро познатиот мотор од Nissan GT-R, но сега, Juke-R ја користи механиката на новиот модел на GT-R, односно верзијата од 2012 година. Сега Juke-R нуди 545 КС и 627 Nm вртежен момент! Импресивно, зар не?

Дефинитивно Juke-R е уникатен автомобил кој заслужи и уникатно претставување. Токму тоа Nissan го приреди. Juke-R беше главната ѕвезда во својот филм со кој беше претставен – Desert Nemesis! Се работи за краток филм со улични трки на суперавтомобили во Дубаи. Juke-R стана реалност поради големите понуди доставени до Nissan за овој автомобил токму од шеиците во Дубаи, па затоа и не случајно овој краток филм е сниман таму!

Juke-R рамо до рамо со можеби најдобриот автомобил досега, Ferrari 458 Italia, Lamborghini Gallardo LP560-4  и Mercedes-Benz SLS AMG на улиците во Дубаи – бесценето!

Уживајте во 6-те минути со овие суперавтомобили, а потоа и во фотографиите на Juke-R!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.