Иако Mercedes C63 AMG Black Series е веќе “брутална машина”, Германскиот тјунер Väth сметал дека има простор за уште повеќе “коњи” под хаубата, па затоа објави тјунинг пакет за неа.
Наречен V63 Supercharged, пакетот го засилува 6.2-литарскиот V8 мотор на 756 кс и вртежен момент од 800 Nm. Компресорот вклучен во пакетот е придружен со репрограмирање на софтверот и комплетен издувен систем од не’рѓосувачки челик, кој исто така содржи систем за контролирање на звукот.
Па така сега ова купе забрзува до 100 км/ч за 3.6 секунди и достигнува максимална брзина од 350 км/ч. За да ја издржи оваа брзина, автомобилот е снабден со појаки сопирачки и приспособлива суспензија која може да го спушти помеѓу 20 и 65 mm.
Возилото вози на сет од 20-инчни бандажи обвиени во 225/30 гуми напред и 295/25 гуми позади, а исто така има и нова предна решетка без знак. Ентериерот има само две измени, а тоа се поспортскиот волан и новиот брзиномер кој е гравиран до 400 км/ч.