Chevrolet Camaro за Европски Пазар – Мега Галерија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Chevrolet Camaro за Европски Пазар – Мега Галерија

Конечно новото Camaro започна со продажба на европскиот пазар со пристигнувањето во продажните салони на Chevrolet во Велика Британија.

Иако Camaro-то е целосно хомологирано за Европа, лошите вести за Британските купувачи се дека овој Chevrolet нема да биде во понуда со волан од десна страна. Достапен е како кабриолет или купе верзија, а го придвижува 6.2-литарски V8 мотор усогласен со мануелна или автоматска трансмисија. Почетните цени изнесуваат 43,000 евра за купе верзијата и 50,000 евра за кабриолетот.

Мануелниот менувач е усогласен со 6.2-литарски V8 мотор со моќност од 426 КС, а вртежниот момент изнсува 563 Nm, овозможувајќи забрзување од 0-100 за 5.2 секунди на купето, односно 5.4 секуди на кабриолетот. Додека пак автоматскиот е во комбинација со 6.2-литарски V8 мотор кој произведува 399 КС и 556 Nm, со тоа што купето забрзува од 0-100 за 5.4 секунди, а кабриолетот за 5.6 секунди. Силата се пренесува на патот преку 20-инчни алуминиумски бандажи со Pirelli P-Zero гуми.

Очекувано постојат неколку разлики помежу “оргиналниот” Американски Chevrolet и овој во Европа. Тие разлики се сведени на минимум и се однсуваат само на законската регулатива која во Европа е за нијанса построга. Европскиот модел располага со подобрена суспензија, намалена емисија на штетни гасови, предни светлосни групи со ксенон, нови задни LED светла, поголеми странични ретровизори и изменета инструмент табла.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.