full screen background image
Search

Amplified пакет за Audi A1

Audi ја освежува понудата за најмалиот во своите редови, A1. Сега малиот A1 доби нова специјална верзија.

Се работи за Amplified верзијата која е достапна кај изведбата со три врати како и кај A1-Sportback изведбата.

Amplified верзијата е базирана на Ambition нивото на опрема на Audi A1, со што само се зголемува опремата во секое од Amplified изданијата. Така во зависност од додатната опрема новата верзија на A1 е поделена на три нивоа: Amplified, Amplified Plus и Amplified Advanced. Првите две верзии се достапни за сите мотори на A1, додека Amplified Advanced е достапна само кај моторите над 120 КС, додела ограничување постои и кај изборот на боите. Во понудата на Amplified изданието се Red и Glacier White боите.

Пакетот Amplified кој чини 1.990 евра, нуди нови “high-gloss” црни детали на екстериерот (покривот, поклопците на ретровизорите, предната решетка), спортските налепници, заден спортски S-Line спојлер, 17-инчни алуминиумски бандажи со црни детали. Во внатрешноста новитет се новите црните спортски седишта шиени со специјалните Red или Rock Gray конци.

Amplified Plus чини 3,990 евра и аеродинамичен боди кит, LED задни светла, “high-gloss” црн заден дифузер, изменета внатрешност која одговара со избраната боја како и внатрешно LED осветлување.

Највисокиот пакет, Amplified Advanced чини 6,990 евра! Аеро боди-китот е во “high-gloss” црна боја, S-Line задниот спојлер е заменет со нов поголем и поспортски, а алуминиумските бандажи сега се 18-инчи. Исто така во Amplified Advanced влегуваат и предните ксенон светла, затемнетите задни стакла, и новите S-Line спортски седишта кои се со Nappa кожа.

Поврзано:   ОФИЦИЈАЛНО: Audi RS 3 Sedan е најбрзиот компактен автомобил на Нирбургринг

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.