Неколку месеци одкако BMW и Zagato го претставија преубавото купе, решија да направат и Roadster варијанта од него!
Оваа недела, поточно на 19-ти месецов, во Калифорнија се одржува Pebble Beach Concours d’Eleganca, што е Американска верзија на Concorso d’Eleganza, познатиот фестивал на автомобилите кој се одржува во Италија.
BMW сеуште нема објавено никакви детали за новиот модел кој е направен во соработка со Zagato, но затоа тие претставија една teaser фотографија! Од BMW изјавија дека се горди на тоа што двете легендарни компании успеале да го направат, но повеќе информации и можеби некоја фотографија ќе бидат претставени пред викендот!
Сепак, иако недостасуваат многу важни детали за новиот концепт на BMW и Zagato, од оваа фотографија би можеле да заклучиме дека всушност се работи за топлес издание на веќе познатото купе. Но останува да почекаме до официјалното претставување, кога ќе имаме официјални фотографии и повеќе детали!
Едно останува јасно, а тоа е дека од оваа соработка ќе произлезе и второ уметничко дело на четири тркала!