Mercedes-Benz го запре производството на Maybach, а моделот Maybach 57 ќе биде заменет со S-класа Pullman.
Mercedes-Benz го објави новиот ценовник за 2013 година во Америка, во кој покрај сите модели на Maybach, стои дека нивното производство е прекинато.
Пред неколку дена, претставник на Mercedes објави дека Маybach повеќе не постои, а нивниот последен модел бил произведен во Јуни. Сепак, останати се уште мал број на непродадени автомобили, а Mercedes ќе продолжи да им помага на постоечките сопственици.
Минатиот Ноември, шефот на Мерцедес, Дитер Цече објави дека замените за 57 и 62 нема повеќе да се произведуваат. Според други информации Mercedes со цел да ги намали загубите и да ја пополни празнината ќе претстави нова S-класа Pullman.
Оваа одлука доаѓа откако скоро една декада од неговото реинкарнирање, Mercedes не успеа да го направи Maybach профитабилен ривал на Rolls Royce и Bentley.
Во чест на Maybach, ви подготвивме мега галерија од нивните досегашни модели: