Првиот 2013 SRT Viper е продаден за 300,000 долари – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Првиот 2013 SRT Viper е продаден за 300,000 долари

Првиот сериски примерок од новиот 2013 SRT Viper беше ставен на Barret-Jackson аукцијата во California и продаден за 300,000 долари. Целиот приход ќе биде доделен на фондацијата за третирање на болни од рак, Austin Hatcher.

Да се потсетиме: новиот 2013 SRT Viper го придвижува 8.4-литарски V10 мотор кој испорачува импресивни 640 КС и 813 Nm вртежен момент. Заедно со претставувањето на новиот Viper , SRT го објави враќањето на Viper GTS-R на Американската Ле Ман Серија и интерционални трки во издржливост. Austin Hatcher фондацијата е официјална добротворна организација на Американската Ле Ман Серија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.