WRC: Себастијан Лоеб победи во Нов Зеланд – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Себастијан Лоеб победи во Нов Зеланд

Sebastien Loeb го зголеми водството во Светскиот Рели Шампионат со неговата победа на релито во Нов Зеланд по трет пат, покажувајќи извонредно возење со неговиот Citroen DS3 WRC.

Ова беше дупла победа за тимот на Citroen, бидејќи веднаш зад нив се најде нивниот тимски колега Мико Хирвонен. Питер Солберг и неговиот совозач Крис Патерсон завршија на третата позиција со нивната Fiesta RS WRC.

Нов Зеланд ја одбележа петтата победа на Лоеб во оваа сезона од FIA Светскиот Рели Шампионат.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.