CARclub Викенд Опуштање! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CARclub Викенд Опуштање!

Ќе ни биде задоволство ако денес ни се придружите на најголемиот собир кој досега сме го организирале!

Во соработка со Мотоцентар, ЗЕЦ Електроникс и Сервис Аргировски организираме собир за паметење! Денес од 18:00 на локацијата на Мотоцентар Визбегово ќе се дружиме и ќе се забавуваме. За музиката ќе биде задолжен DJ GameOver, ќе има попусти од Мотоцентар за посетителите, но и подароци од другите наши пријатели. Дојдете, нема да зажалите, а за да знаете како изгледаат нашите собири, погледнете како помина минатиот собир кој го организиравме.

Овој пат ќе ни се придружат Honda и Kia, а ги поканивме и нашите пријатели од BMW и VW клубовите на Македонија, како и Volkswagen Буба клубот на Македонија. Повеќе детали околу настанот можете да видите и на Facebook.

Ве очекуваме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.