BMW M5 си мисли дека е куршум! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW M5 си мисли дека е куршум!

Сакате да видите нешто необично убаво? Ви ја препорачуваме M5 рекламата снимена од одделот на BMW во Канада. Нема разголени девојки, нема чад од гуми – само супер седан со 560 КС, кој најдобро имитира куршум.

По кратко време од кога е “испукан” од голема цевка, M5 забрзува кон неговата максимална електронски ограничена брзина од 250 км/ч, а потоа кон повеќе цели, соборувајќи ги една по една во успорено движење.

Тоа се две минути од животот кои ние мислиме дека нема да зажалите што сте ги потрошиле. Видете и самите во видеото подоле:



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.