Одржан уште еден голем собир на CARclub.mk! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Одржан уште еден голем собир на CARclub.mk!

Во неделата, на 6ти Мај се одржа уште еден голем собир на CARclub.mk, каде повеќе од 130-тина автомобили и уште толку вљубеници во автомобилизмот се дружеа и разменуваа искуства!

Членовите од нашиот форум, но и нашите пријатели од Volkswagen клубот на Македонија и BMW клубот на Македонија присуствуваа на еден од најголемите автомобилски настани организирани во Скопје. Околу 130-тина автомобили од сите марки, но и некои навистина ретки примероци и интересни тјунирани возила беа дел од нашиот собир.

Прекрасното сончево време и одличната атмосфера им помогна на сите присатни да се орасположат, а дури прославивме и еден роденден и јубилеј! Мораме да им се заблагодариме и на учесниците од другите градови низ Македонија, кои извозеа стотина километри за да ни се придружат!

Целиот настан помина без никакви непријатности, а желбата за дружење и уживање во нашите миленици на четири тркала ги надмина сите граници. Навистина сме горди што успеавме да организираме еден ваков настан на кој многу луѓе ги покажаа своите автомобили.


Сакаме да им се заблагодариме на сите што учествуваа на нашиот собир и што придонесоа за одличната атмосфера и расположение, се надеваме дека повторно ќе ги видиме следниот пат, во уште поголем број!

Многуте автомобили на едно место го привлекоа вниманието и на случајните минувачи кои решија да ни се придружат, па тој ден запознавме и нови пријатели кои се веќе дел од CARclub. Станете и вие дел од нашата заедница – придружете се на нашиот форум и учествувајте во многуте дискусии и бидете дел од следните настани кои ќе ги организираме!

На крај, да им се заблагодариме на Кристијан Ивановски, Дејан Маликовски, Дарио Бурагев и останатите членови на CARclub за фотографиите!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.