Mazda MX-5 Yusho Prototype со 237 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda MX-5 Yusho Prototype со 237 коњски сили

Mazda ги изненади посетителите на Интернационалниот Саем за Автомобили во Лајпциг, Германија со претставување на MX-5 Yusho Prototype, наречен според јапонскиот збор за “Победа”.

Мат белата боја заедно со 17-инчните сиви алуминиумски бандажи обвиени во semi-slick Toyo Proxes R888 гуми со профил 215/45R17, пониската суспензија, спојлерот на багажникот и карбонскиот заден дифузер под кој се наоѓаат двете централно поставени издувни цевки го кажуваат само едниот дел од приказната.

Вистинската магија се случува под хаубата, со тоа што на 2.0-литарскиот MZR четири цилиндричен бензински мотор е додаден компресор, интеркулер, специјални Cosworth клипови, посебен издувен систем и репрограмиран софтвер. Тука спаѓаат и другите надоградби како нови вбризгувачи на гориво и спортски катализатор, како и спортска ламела, а подвозјето е надоградено со нови Bilstein амортизери и Eibach пружини.

Сите овие модификации ја зголемуваат силата од 158 кс на 237 кс и вртежниот момент од 188 Nm на 274 Nm. Mazda не објави информации за тежината на возилото или пак за неговото забрзување, но истакна дека MX-5 Yusho може да достигне максимална брзина од 240 км/ч. Во внатрешноста, MX-5 Yusho e разубавен со волан претапациран со антилоп и Recaro спортски седишта во кожа и алкантара.

Не се знае дали Јапонскиот производител на автомобили ќе ги произведува или ќе ги нуди овие надоградби на серискиот модел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.