Peugeot претстави тркачка верзија на новиот 208! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot претстави тркачка верзија на новиот 208!

Целејќи кон оние кои сакаат да се тркаат во послабите класи на рели, Peugeot ја објави првата тркачка верзија од нивниот нов 208 супермини.

Новиот 208 R2 е развиен за популарната R2 рели категорија и располага со повеќе надоградби врз стандардниот модел.

1.6-литарскиот атмосферски 4-цилиндерски мотор е доработен да испорачува 185 коњски сили при 7,800 вртежи во минута. Усогласен е со пет-степен, мануелен, секвенцијален менувач со рачка монтирана веднаш до воланот. Инженерите на Peugeot исто така направиле измени во суспензијата, кочниците и го смениле стандардното електрично серво со хидраулично, додека пак автомобилот сега вози на специјално развиени тркачки гуми од Michelin.

208 R2 ќе го направи неговото прво јавно појавување како безбедносно возило следната недела на релито во Франција, четвртото по ред од IRC 2012. Peugeot објави дека 208 R2 ќе биде достапно само со модификација на моторот по цена од 37,500, а исто така и во целиот пакет по цена од 57,500 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.