Британскиот A.Kahn Design објави уште една модификација за Range Rover Evoque, кој овојпат доби дотеран екстериер и доработен ентериер.
Vesuvitius edition Evoque by A.Kahn Design покрај останатото се истакнува со упадлива портокалова боја, делови од браниците во мат сива боја, мат сиви странични отвори за воздух, RSXF алуминиумски тркала од 21-инч, нов издувен систем од не’рѓосувачки челик и модификувано подвозје.
Измени претрпе и ентериерот кој сега е двобоен во црна и портокалова боја, а можат да се забележат материјали од кожа, алкантара, Piano Black детали, елементи од алуминиум и не’рѓосувачки челик.
Цената на возилото од сликите изнесува 48.875 фунти.