Официјални фотографии: BMW X1 Facelift – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјални фотографии: BMW X1 Facelift

Баварците го претставија освежувањето на најмалиот SUV во својата понуда, да го погледнеме одблиску BMW X1.

BMW X1 го доби својот фејслифт, па да видиме што се е освежено кај него:

Надворешниот дизајн претрпе минимални промени на предниот браник и предната светлосна група, додека новите ретровизори, освежувањето на задните светла и измените на задниот браник го заокружуваат надворешното затегнување на брчките.

За поагресивен и поспортски изглед на X1 задолжени се новите xLine и Sport Line пакети заедно со легендариот M пакет на BMW. xLine пакетот содржи нов боди кит со поагресивни браници и сет од 18-инчни бандажи, додека Sport Line пакетот исто така содржи нов боди кит но со акцент ставен на спортскиот изглед.

За моќноста и моторите во понудата на Европскиот пазар сеуште не се објавени податоци додека TwinPower Turbo 3.0 литарскиот мотор со 300 КС и 406 Nm вртежен момент е задолжен да го придвижува X1  на Северно-Американското тло.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.