Rimac започна да прима порачки за Concept One – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Rimac започна да прима порачки за Concept One

Не веруваме дека има некој кој до сега не слушнал за Concept One. Mate Rimac и неговиот тим минатата година го импресионираа целиот свет со оваа студија за електричен спортист.

Хрватската компанија Rimac го претстави нивниот Concept One минатиот Септември во Франкфурт и објави дека ќе изработи само 88 примероци. Додека медиумите минатата недела се занимаваа со саемот на автомобили во Пекинг, Mate Rimac го прати својот модел во Монако за да го изложи на Top Marques евентот. Таму брендот ја отвори листата за нарачки на овој електричен спортски автомобил и објави дека секој од 88-те примероци ќе чини 742.000 евра.

Rimac објави соработка со Vredestein tires кои ги демонстрираа нивните Ultract Vorti гуми со високи перформанси за светскиот прв електричен супербрз автомобил. Гумата е дизајнирана од врвниот Италијански дизајнер Giugiaro и е развиена за најнапредните спортски автомобили со високи преформанси. Гумите кои ги носи Concept One се со профил од 245/35 R20 напред и 295/30 R20 назад.

Овој модел располага со четири електрични мотори кои развиваат комбинирана моќ од 1088 коњски сили и 3800 Nm вртежен момент. Со тежина од 1650 Kg забрзува од 0-100 за 2.8 секунди и развива максимална брзина од 305 километри на час. Автономијата на возење е околу 600 km со едно полнење.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.